Путин удри метла: Нова чистка во рускиот воен врв!
Рускиот генерал-мајор Владимир Селиверстов е последниот во низата сменети команданти во руската армија.
Како што потврдиле повеќе Z-канали во Русија, министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу го разреши командантот на 106-та дивизија на Воздухопловните сили (ВДВ), генерал-мајор Владимир Селиверстов, кој командуваше со дивизија која се бореше во Бахмут од јануари оваа година.
Причините за смената на генералот од командата сè уште не се познати, но, според провоените канали како можна причина се сметаат бескомпромисноста на Селиверстов и неговата неподготвеност да молчи кога бранел прашања поврзани со персоналот. Притоа се забележува дека Селиверстов не секогаш се согласувал со одлуките на штабот на Воздухопловните сили.
Обидот на гувернерот на областа Тула, Алексеј Дјумин, да застане во одбрана на генералот за време на неговата посета на Москва не помогна да се реши ситуацијата со неговото сменување.
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски обвини дека токму 106-та воздухопловна дивизија дека е вмешана во убиствата на цивили во предградијата на Киев: Буча, Гостомел и Ирпин, а подредените на Селиверстов се осомничени дека биле вмешани во егзекуцијата на украинскиот фоторепортер Макс Левин во март 2022 година.
По бунтот на Евгениј Пригожин, 15-тина руски високи офицери се отстранети од служба или пензионирани. Уште 13 лица се приведени на сослушување, некои од нив подоцна се ослободени, изјавиле извори за „Волстрит џурнал“. Меѓу уапсените бил и заменик командантот на групата во Украина, Сергеј Суровикин. Неколку часа по почетокот на маршот кон Москва на борците на „Вагнер“, генералот беше приведен од ФСБ. Покрај Суровикин, приведени се уште неколку високи офицери.
Генерал-полковник Андреј Јудин, заменик на Суровикин, и генерал-полковник Владимир Алексеев, прв заменик-началник на Главната разузнавачка управа на Генералштабот на вооружените сили, исто така беа приведени, но подоцна ослободени. Меѓу уапсените бил и генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој од мај 2023 година е заменик-командант на приватната воена компанија „Вагнер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…