Путин: Чиста глупост се тврдењата дека Русија ќе ја нападне Европа
Путин рече дека тврдењата дека Русија ќе ја нападне Европа се чиста глупост.
Западот предизвика конфликти во многу земји во светот и покрај овие тврдења дека Русија е таа што е подготвена да ја „нападне“ Европа, рече тој.
„Сè што западот ќе смисли реално нè води до опасност од конфликт со употреба на нуклеарно оружје, а тоа значи уништување на цивилизацијата“, рече тој.
Што се однесува до односите со САД, Вашингтон презема отворено непријателски активности во обид да и нанесе стратешки пораз на Русија на фронтот.
„Активностите на САД и нивните сојузници доведоа до демонтирање на европскиот безбедносен систем. Мораме да работиме на новите контури на единствената и неделива безбедност на Европа. Русија е подготвена за дијалог со сите кои се заинтересирани за тоа. Без суверен, силна Русија, не е можен одржлив светски поредок“, истакна тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…