Путин: Човекот со чудна фризура ѝ забрани на Украина да склучи мир

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека ѝ забранил на Украина да договори мир.

– Политиката е вештина на компромис, Русија секогаш била подготвена на преговори – посочи Путин.

Тој тврди дека во 2022 година бил постигнат договор со Киев, но „човекот со чудна фризура“, како што го нарекува поранешниот британски премиер Борис Џонсон, ѝ забранил на Украина да потпише мировен договор.

Путин на прес-конференцијата изрази подготвеност да се сретне со новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, кој најави дека бргу ќе стави крај на војната во Украина.

– Не знам кога ќе се сретнам со Трамп. Тој не зборува ништо за тоа. Со него не сум разговарал четири години. Секако дека сум подготвен. Кога било – посочи Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…