Објавено на:

Путин ја одобри новата доктрина за надворешна политика заснована на концептот на “руски свет”

t

Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри новата руска доктрина за надворешна политика заснована на концептот на „руски свет“ што го користат конзервативните идеолози за да ја оправдаат интервенцијата во странство за заштита на населението што зборува руски, јавува Ројтерс.

Во доктрината именувана „Хуманитарна политика“ од 31 страница, објавена по повеќе од шест месеци од почетокот на војната во Украина, се вели дека Русија треба „да ги штити, зачува и промовира традициите и идеалите на рускиот свет“.

Иако е претставена како еден вид стратегија за „мека“ моќ, таа ги потврдува како официјална политика идеите за руската политика и религија што некои тврдокорни страни ги користат за да ја оправдаат руската агресија на делови од Украина и поддршката за одметнатите проруски ентитети на истокот на земјата.

„Руската Федерација им дава поддршка на своите сонародници кои живеат во странство во остварувањето на нивните права, со цел да се обезбеди заштита на нивните интереси и зачувување на нивниот руски културен идентитет“, се наведува во документот.

Во документот се истакнува дека врските со сонародниците во странство и овозможуваат на Русија „да го зајакне својот имиџ на меѓународната сцена како демократска земја која се стреми да создаде мултиполарен свет“.

Со години, Путин инсистира на она што тој го смета за трагична судбина на речиси 25 милиони етнички Руси кои живеат надвор од Русија во државите создадени по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, што тој го смета за геополитичка катастрофа.

Русија сè уште го смета поранешниот советски простор, од Балтикот до Централна Азија, за своја легитимна сфера на влијание, на која многу од овие земји се противат, како и Западот.

Во новата политика се наведува дека Русија треба да ја зголеми соработката со словенските народи, Кина и Индија и дополнително да ги зајакне своите врски со Блискиот Исток, Латинска Америка и Африка.

Според документот, Москва треба дополнително да ги зајакне односите со Абхазија и Осетија, два грузиски региони кои ги призна по војната со Грузија во 2008 година, како и со двата отцепени региони во источна Украина, Доњецк и Луганск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…