Објавено на:

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија: Русија сака да организира средба Еpдоган-Аcад

t

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција и Сирија, Реџеп Таип Ердоган и Башар Асад бара сериозна подготовка, Москва е подготвена да прифати такви преговори и ја поддржува нормализацијата на односите меѓу двете земји, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов.


„Добро би било лидерите да се сретнат, но мислам дека е потребна сериозна подготовка за таа средба. Секогаш сме подготвени да одржиме состаноци во Москва, трилатерални и директно меѓу заинтересираните страни, претставниците на официјална Анкара и Дамаск“, објасни тој.
На новинарско прашање дали Русија ја понудила Москва како платформа за евентуална средба на двајцата претседатели, Богданов рече дека нема такви информации.
Според него, Русија ја поддржува нормализацијата на меѓудржавните односи меѓу Турција и Сирија врз основа на взаемно признавање на територијалниот интегритет, единство и суверенитет на двете соседни земји.


Да потсетиме, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан претходно изјави дека работи на организирање средба меѓу Ердоган и Асад, но дека е рано да се зборува за нешто конкретно. Асад на 15 јули изјави дека е подготвен да се сретне со неговиот турски колега, доколку тоа ги исполни сириските национални интереси.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Русија, како и другите земји, е заинтересирана за подобрување на односите меѓу Турција и Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа…

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…