Објавено на:

Путин: Ќе создадеме тампон зона по долж границата меѓу Русија и Украина

t

Донесена е одлука за создавање безбедносна тампон-зона по должината на границата меѓу Русија и Украина, а руските вооружени сили моментално го решаваат ова прашање, изјави рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека непријателските позиции на оган активно се потиснуваат.

Зборувајќи за неговата посета на Курската област и директниот дијалог со локалното население, Путин рече дека жителите на Курската област се соочуваат со отворени терористички акции од страна на украинските вооружени сили и странски платеници.

„Разговаравме за прашањата што најмногу ги засегаат луѓето – жителите на селата и градовите кои страдале од гранатирање и борбени операции и од оние терористички методи што ги користат украинските формации и странските платеници“, истакна Путин. Како што изјави тој, непријателот избира цели кои немаат воено значење: цивилни објекти, куќи, луѓе.

Притоа рускиот претедател не спомна дека и руските сили предизвикаа, со своите ракетни напади, илјадници цивилни жртви низ Украина.

„Денешните настани само го потврдуваат она што го кажав“, рече шефот на Руската Федерација на состанокот со членовите на руската влада. Путин нареди што е можно поскоро да се подготви сеопфатна програма за обнова на погодените подрачја од Курската, Белгородската и Брјанската област. Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за вонредни ситуации, Министерството за здравство и други оддели треба да бидат вклучени во развојот на програмата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…