Путин-Џипинг: Пропаднаа обидите за создавање на униполарен свет
Рускиот претседател Владимир Путин допатува во Самарканд на самитот на Шангајската организација за соработка, а на маргините на тој настан се среќава со лидерите на земјите членки на оваа организација.
На средбата со лидерот на Кина, Путин рече дека сега задача е да се обезбеди зајакнување на ШОС како платформа за конструктивна соработка.
На почетокот на средбата Путин рече дека Русија ги осудува провокациите на САД и нивните сателити во Тајванскиот теснец и цврсто се придржува до принципот една Кина.
Рускиот лидер додаде дека високо ја цени балансираната позиција на Кина за украинската криза.
Претседателот на Русија за време на средбата со кинескиот лидер оцени дека обидите за создавање униполарен свет неодамна добија контури на монструозност.
„Обидите да се создаде униполарен свет неодамна добија апсолутно монструозни облици и се апсолутно неприфатливи за огромното мнозинство земји на планетата“, рече Путин за време на состанокот одржан на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) што се одржува во Узбекистанскиот град Самарканд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…