Путин: 99,9 отсто од Русите се спремни да ги жртвуваат животите за доброто на земјата

t

Рускиот претседател Владимир Путин порача дека 99,9 отсто од Русите би биле спремни да ги ризикуваат своите животи за доброто на земјата. Путин ова го кажа во интервју со новинарот Павел Зарубин на телевизискиот канал Русија 1. Рускиот лидер кажа дека се уверил во лојалноста на својот народ во последните неколку месеци, но и „низ целата историја на постоењето на Русија“, пренесува ТАСС.

„Што се однесува до мнозинството, 99,9 отсто од нашите граѓани, нашите луѓе кои се спремни да жртвуваат сè за татковината, тоа не ми се чини необично. Но тоа уште еднаш ме уверува дека Русија е посебна земја и дека има посебни луѓе“, кажа Путин. На прашањето за оние кои избегаа од државата за време на делумната мобилизација, рускиот лидер кажа дека не се вистински патриоти, но истакна дека имаат право на слобода на изборот.

„Нема ништо изненадувачко во фактот дека некои луѓе не се однесуваа како вистински патриоти бидејќи во секое општество секогаш постојат луѓе кои размислуваат за своите интереси, односно своите планови. Да бидам искрен, не ги осудувам. Секој има право на слобода на изборот“, додаде рускиот лидер.

„Западот сака да ја распарчи Русија“

Рускиот претседател за конфликтот во Украина го обвини Западот, поради уривањето на претседателот Виктор Јанукович од власта во протестите на Мајдан, главниот плоштад во Киев.

„Тоа е основната политика на нашите геополитички противници од Западот, насочена на распарчување на Русија, историска Русија“, кажа тој. На прашањето дали се заканува геополитички судир со Западот на опасно ниво, тој кажа: „Не мислам дека е толку опасно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…