„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за британскиот премиер Сунак за време на ковид-пандемијата

t

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата во пандемијата на ковид-19, запишал белешка во својот дневник од 25 октомври 2020 година за состанокот на кој учествувале тогашниот премиер Борис Џонсон и Риши Сунак, тогашен министер за финансии.

Британскиот премиер е обвинет дека наводно рекол оти владата требало „само да пушти луѓето да умрат“ во пандемијата на ковид-19 наместо да донесе одлука за долгото второ „затворање“ на национално ниво, објавено е во понеделникот во рамките на истрагата за одговорот на британската влада на пандемијата на коронавирусот.

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата во пандемијата на ковид-19, запишал белешка во својот дневник од 25 октомври 2020 година за состанокот на кој учествувале тогашниот премиер Борис Џонсон и Риши Сунак, тогашен министер за финансии.

Во дневничкиот запис презентиран во истргата забележано е дека Доминик Камингс, највисокиот советник на премиерот Џонсон во текот на пандемијата, му го пренел на Валасн она што го слушнал на состанокот.

– Риши мисли дека само треба да се пушти луѓето да умираат и дека тоа е во ред. Сево ова ми се чини како целосно изостанување на водство – го цитира Валанс во својот дневник исказот на Камингс.

Портпаролот на Сунак изјави дека сегашниот британски премиер ќе го изнесе својот став кога ќе ги поднесе доказите пред истрагата „наместо на секој (дел) да одговара поединечно“.

Во Велика Британија се води истрага за одговорот на владата на пандемијата на коронавирусот во која починаа повеќе од 220.000 луѓе. Истрагата ќе трае до летото 2026 година.

Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, тешко се справувал со научните податоци за коронавирусот за време на пандемијата со ковид-19, сведочеше денеска Патрик Валанс, до неодамна главниот научен советник на британската влада.

Во неговиот приватен дневник, чии извадоци беа презентирани на јавна расправа за пандемијата, Валанс рече, како што објави Би-Би-Си, дека Џонсон бил „слаб и неодлучен“.

Валаnс го објасни својот коментар пред комисијата како „момент на фрустрација во доцните вечерни часови“ поради начинот на кој тогашната британска влада носела одлуки.

Валанс заедно со другите соработници, постојано се соочувал со проблеми во обидот да го натера Џонсон да разбере што му кажува науката и дека тогашниот премиер се предомислувал во бројни ситуации.

– Мислам дека ќе бидам во право ако кажам дека нашиот премиер се откажал од науката на околу 15 години. И мислам дека веднаш ќе признае дека науката не му е силна страна, и дека се борел со (научните) концепти, па затоа ние навистина мораше да му ги повторуваме и тоа често – нагласи Валанс пред комисијата.

Валас, сепак, рече дека Џонсон не е единствениот западен лидер кој се борел со научните податоци и дека многумина меѓу нив имале проблем да ги разберат доказите што им биле презентирани и советите што им биле дадени, особено во првата фаза од пандемијата, на почетокот на пандемијата во 2020 година.

– Според тоа, не мислам дека постоеше единствена неспособност на нашиот премиер во тоа време да се справи со некои од тие (научни) концепти, туку дека понекогаш мораше да работи напорно за да се осигура дека тој разбере што му кажува одредена табела или податоци – рече тој.

Џонсон, кој, според Би-Би-Си, самиот ќе сведочи пред комисијата, според Валас, бил „многу скептичен“ во врска со долгото траење на пандемијата и во еден момент дури предложил да му се дозволи на вирусот да „прелета“ преку населението.

Во своето сведочење, Валас го критикуваше тогашниот секретар за здравство Мет Хенкок дека јавно ги кажувал работите „премногу ентузијастички и прерано… и без никакви докази“.

Тој исто така рече дека клучните мерки во борбата против пандемијата не се воведени доволно рано.

Со повеќе од 232 илјади смртни случаи од ковид-19, Британија имаше една од највисоките стапки на смртност од заразната болест што го зафати светот на почетокот на 2020 година.

Јавната расправа за пандемијата во Британија е наменета јавноста да извлече заклучоци и да дознае што навистина се случувало во тоа време, па никој нема да биде прогласен за виновен или невин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…

Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…

Трамп: Бајден е вистинската закана за демократијата

Поранешниот претседател вели дека предупредувањата на демократите…

Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…

Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…

„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…

Оставки и на британските министри за транспорт…

„Беше голема чест да служам во две…