Пуштија дел од автопатот Кичево-Охрид, но не ги изградиле пристапните патишта – жители на неколку населени места се „отсечени“ од светот
Пуштија дел од автопатот Кичево-Охрид, но не ги изградиле пристапните патишта па на жителите на неколку населени места им е отежнато или оневозможено да воспостават врска со автопатот.
Ова на социјалните мрежи го објави градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
– По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид, делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода,кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата,бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села,односно живеалишта со автопатот.
Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта,како инвеститор и изведувачите што е можно најбрзо да ги изградат помошните ,односно пристапните патишта,како би се овозможило безбеден и непречен пристап на засегнатите жители од Автопатот до нивните населени места и обратно. – објави градоначалникот на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пуштија дел од автопатот Кичево-Охрид, но не…
Пуштија дел од автопатот Кичево-Охрид, но не…
СДСМ: Кичево–Охрид е симбол на вмровскиот фушерај,…
Автопатот Кичево–Охрид е најдобар пример за тоа…
Уапсен маж од Дебарца, во неговиот дом…
Полицијата приведе 52-годишен маж од Дебарца откако…
Загина работник на автопатот Кичево-Охрид
На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР…
Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид…
Јас цврсто стојам на моето ветување дека…