Објавено на:

ПУЏДЕМОН: Не се вратив во Каталонија за да ме уапсат, туку за да го искористам правото да се спротивставам на угнетувањето

t

Каталонскиот сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон изјави дека одлучил да се врати во Шпанија од егзил и покрај ризикот да биде уапсен. Тој ги обвини шпанските судии дека го исполитизирале случајот и наредија негово апсење.

Пуџдемон на 6 август се врати во Каталонија, а на 8 август се појави пред приврзаниците во Барселона, бидејќи сакаше да учествува на инаугурацијата на новиот каталонски лидер Салвадоре Иле. Тој на митингот истакна дека неговата цел е да го оживее сепаратистичкото движење во Каталонија, што згасна по неуспешниот референдум во 2017 година, кој Мадрид го прогласи за незаконски.

Тој тврди дека нема законска основа за негово гонење и апсење, бидејќи со тоа се кршат меѓународните норми и закони усвоени од шпанскиот Парламент.

– Не се вратив во Каталонија за да ме уапсат. Се вратив за да го искористам правото да се спротивставам на угнетувањето, посочи Пуџдемон.

Тој негира дека морал да се скрие во багажникот за да избегне апсење, тврдејќи оти заминал за Франција со приватно возило, а потоа се вратил во Белгија.

Пуџддемон изрази надеж дека „еден ден ќе се врати правдата во шпанските судови“ за трајно да се врати дома, а дека судиите ќе го почитуваат законот усвоен од шпанскиот Парламент за амнестија на каталонските сепаратисти кои организираа референдум за независност на Каталонија од Шпанија во 2017 година.

Пуџдемон е обвинет од Врховниот суд на Шпанија за проневера односно доброволните прилози за финансирање на референдумот биле користени за лично богатење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…