Пјонгјанг е со РУСИЈА ДО ПОБЕДАТА ВО УКРАИНА: „Ќе слават благодарение на мудрото раководство на почитуваниот претседател Путин“
Пјонгјанг ќе стои покрај Русија до нејзината победа во Украина, изјави денеска во Москва шефот на севернокорејската дипломатија Чое Сон Ји.
– Нема сомнеж дека под мудро водство на почитуваниот руски претседател Владимир Путин, руската армија и народ ќе извојуваат голема победа – изјави министерката за надворешни работи на Северна Кореја, според рускиот превод на нејзината изјава.
Таа ја даде изјавата на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Потврдуваме дека секогаш ќе бидеме цврсто на страната на нашите руски соборци, до денот на победата – изјави севернокорејскиот функционер.
Чое Сон Ји е во Москва по изјавата на американските официјални лица, врз основа на американското разузнавање, дека околу 8.000 севернокорејски војници моментално се во Русија во пограничниот регион Курск, од каде што треба да бидат распоредени во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…