Работник повреден во фабрика во Кавадарци
Работник бил повреден во фабрика во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Оттаму појаснија дека вчера во 10:50 часот во ОВР Кавадарци било пријавeно дека во ЈЗУ Општа болница, бил донесен М.Р. (45) од овој град, кој, според пријавеното, се здобил со повреда при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. Известен бил трудов инспектор.
Како што претходно известија од СВР Велес, во четвртокот исто така кавадарчанец се здобил со тешка телесна повреда при извршување работни задачи во фабрика во градот. Тогаш појаснија дека на 18 овој месец, во 14 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен В.М., 40-годишен кавадарчанец. За настанот, известен бил јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник повреден во фабрика во Кавадарци
Работник бил повреден во фабрика во Кавадарци,…
38-годишен работник од Кина загина во фабрика…
Работник од Кина бил удрен од кран…
Приведени возачи од Делчево и Кавадарци затоа…
На 28.06.2025 во 20.00 часот на ул.…
Стручната комисија на министерот за здравство, не…
Стручната комисија на министерот за здравство, која…
Кавадарчанец пронашол експлозив во ѕидот од својот…
Жител на Кавадарци при реновирање во неговиот…