Радев го прими претседателот на згаснатиот бугарски клуб во Битола, Љупчо Георгиевски

t

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Софија се сретна со Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ од Битола, Според соопштението од кабинетот на Радев, Георгиевски изразил надеж дека бугарската заедница во Македонија што поскоро ќе биде вклучена во Уставот, со што ќе се создаделе „уставни гаранции за заштита на нивните права, ќе се отвори патот на државава за почеток на преговори за членството во ЕУ, како и да се стимулира културна и образовна размена меѓу двете земји“.

Радев очекува Македонија „во најбрз можен рок да се вклучат Бугарите во уставот на земјата и да се продолжи со имплементација на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, кој е составен дел од преговарачката рамка. Ова е очекуван и важен чекор за развој на полноправна соработка меѓу Бугарија и РСМ, како и за стабилноста и просперитетот на целиот регион“.

Пред два дена во Битола продолжи судењето на Љупчо Георгиевски. Клубот „Ванчо Михајлов“ е избришан од Централниот регистер, ама сега членовите регистрираа нов клуб под името „Една роза“ и ги задржаа просториите во објектот на улица „Рузвелтова“ во Битола во некогашното Еврејско маало. Адвокатот на Георгиевски, Насер Рауфи, го одолговлекува судењето во недоглед, а најави дека правната битка ќе ја продолжи и во Стразбур. Следното рочиште е закажано за 28 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…

Денес во Министерството за надворешни работи на…