Радев до Владата на Ковачевски: Македонија не ги ни започна преговорите
Бугарскиот претседател Румен Радев, по предлогот од вчерашната седница на Советот за безбедност на бугарски државјани да им биде забранет влез во државава, изјави дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај, како што истакнува, на оваа антибугарска омраза и хистерија.
-Сега разбирате зошто толку се борев правата на македонските Бугари да бидат заштитени во Уставот на Македонија и тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговори. Значи, Македонија не ги ни започна преговорите.Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што се водат овие преговори. Очекувам институциите на Македонија да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања ова веќе не е доволно – крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања. Во нашиот случај, бидете сигурни дека ќе се активираат сите европски механизми за да престане оваа антибугарска омраза и хистерија, изјави Радев, во одговор на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Археолози открија автохтон натпис на сад при…
При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“,…
Николова: Хаос со актите во образование, се…
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Европа верува дека Иран го преместил ураниумот…
Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè…
Половина од учениците со сите петки не…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…