Радев за вчерашниот говор на Пендаровски: Ќе ги активираме сите европски механизми за да се стави крај на оваа антибугарска омраза и хистерија

t

Институциите на Република Македонија не само што треба да докажат дека не се дел од антибугарската кампања. Ова веќе не е доволно. Треба да докажат дека се борат против оваа кампања. Ова денес го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Радев го коментираше говорот на македонскиот претседател, Стево Пендаровски по вчерашната седница на Советот за безбедност во Вилата Водно.

„Сега ви е јасно зошто на тема македонските Бугари толку се борев тие да бидат заштитени во Уставот на оваа држава, а тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговорите. Значи РМ не ни почна преговорите, не ја отвори вратата од просторијата каде што се водат овие преговори“, рече шефот на државата.

„И очекувам институциите на РМ да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања – ова веќе не е доволно, крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања. А во нашиот случај ќе бидат активирани сите европски механизми за да се стави крај на оваа антибугарска омраза и хистерија“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…

Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…

Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…

Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…