Радев: Крајно непримерно е да ѝ се поставуваат ултиматуми на Бугарија
Скопје да не поставува ултиматуми, а Софија да го издржи притисокот, порача бугарскиот претседател Румен Радев. Изјавата на шефот на дипломатијата Османи дека јуни е можеби последна шанса за датум за Македонија со ЕУ, за Радев е крајно непримерна и порача – новата бугарска влада да го следи досегашниот пример и да ги брани националните интереси.
– И јас и преодната влада многу добро ги покажавме и објаснивме позициите на Бугарија, затоа мора да се прифатат. Се работи за човекови права, говор на омраза. Тоа се работи кои се неспоиви со европските принципи и вредности. Очекувам Владата да го реализира и брани бугарскиот интерес. – изјави Румен Радев претседател на Бугарија.
Бугарскиот премиер Петков денеска и утре е во официјална посета на Вашингтон, но засега нема најави дали една од темите ќе биде и ветото на Бугарија. Последните пораки на Стејт Департментот се дека е време Македонија и Албанија да ги стартуваат преговорите со ЕУ, но и дека САД води разговори на билатерална основа со Софија и Скопје за решение.
А австрискиот министер за европски прашања Шаленберг денеска од Бугарија порача треба да има политичка волја за компромисно решение. Шефицата на бугарската дипломатија Генчовска пак остана на својот став.
– Мојата позиција е многу јасна, јас сакам преговорите со Албанија и Северна Македонија да започнат во јуни. – изјави Александар Шаленберг министер за европски и меѓународни работи на Австрија.
– Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година. како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска определба. – изјави Теодора Генчовска МНР на Р. Бугарија.
Овој период македонската влада е во дипломатска офанзива и разговори со европските лидери во надеж дека врата на ЕУ за Македонија нема да остане затворена и овој јуни. Сепак шансите за датум засега остануваат мали.
Извор: ТВ 24
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…
Денес во Министерството за надворешни работи на…