Објавено на:

Радев: Не прифаќам Бугарија да се претвори во неограничен донатор за војната во Украина

t

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека нема да прифати владата да ја претвори Бугарија во неограничен донатор за војната во Украина „до конечна победа“.

„Оние кои ја подготвија и ја прифатија оваа позиција не разбираат што значи конечната победа – како ќе се постигне, колку ќе не чини во смисла на време, пари, ресурси и пред се ризик, бидејќи секој ден ризикот од оваа војна за нас расте, јас длабоко се сомневам дали тие разбираат што значи за самата Украина да се бори до конечна победа и што ќе остане од украинските вооружени сили, воениот персонал, самата инфраструктура и економијата на земјата до оваа долгорочна победа “, изјави Радев, а пренесува Танјуг.

Тој потсети дека денеска во бугарскиот парламент се одржа важна расправа за националните рамковни позиции за претстојниот самит на НАТО во Вашингтон. Радев рече дека бугарската влада им должи објаснување не само на народните избраници, туку и на сите бугарски граѓани за тоа какви обврски презема во нивно име за војната во Украина, пренесува БТА.

„Не се согласувам со определбата за конкретна финансиска помош, која во никој случај не е мала, за вооружување на Украина, како и со обврската да се обезбеди оружје од арсеналот на бугарската армија пред да добиеме замена. Затоа никогаш не сум застанал зад неадекватни и безрбетни позиции, затоа и одбив да одам да бранам таков став“, рече Радев, кој на крајот на минатиот месец не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација и да учествува на состанокот на шефовите на држави и влади во Вашингтон.

Тој нагласи дека инсистира на модернизација на бугарската армија, на зајакнување на националните одбранбени капацитети и на зголемување на компатибилноста со сојузниците во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице задржано во станица по убиството…

Министерството за внатрешни работи информира дека се…

Се сеќавате на Хакан Шукур? Ердоган му…

Хакан Шукур речиси една деценија не живее…

ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја…

Втор круг од парламентарните избори во Франција,…

Во Франција денеска се одржува вториот круг…