Радев не прифаќа муабети: Или смена на Устав или нема ЕУ

t

Бугарија очекува уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари и нивно вклучување во Уставот на Македонија пред почетокот на преговорите на земјата со ЕУ, им порачал бугарскиот претседател Румен Радев на амбасадорите на ЕУ во Софија.

„Бугарија ја поддржува европската перспектива на соседите од Западен балкан како најсигурна мерка за гарантирање на безбедноста, стабилноста и економскиот напредок на нашиот регион. Затоа очекуваме конкретни резултати во сферата на економијата и поврзаноста, но и во однос на отворените билатерални прашања во дијалогот со Република Македонија. Особено чувствително е прашањето за почитување на македонските Бугари, јазикот на омразата и нападите против бугарското културно-историско наследство. Нерешавањето на овие прашања ќе го забави и напредокот во процесот на европската интеграција“, изјавил Радев на средбата со амбасадорите.

Според него, активирањето на билатералните разговорите со Македонија и надградувањето на она што е досега постигната е позитивен знак.

„Сепак Бугарија очекува не само нови уверувања, туку уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари преку нивно вметнување во Преамбулата на Уставот заедно со останатите наброени делови од народи. Тоа треба да се случи пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ на нашиот сосед“, вели Радев.

Тој потсетува дека почитувањето на човековите права и исполнувањето на Копенхашките критериуми се однесуваат на европски вредности и за нив не може да се преговара.

„Тешко прифатлива е тезата дека во парламентот на една земја-кандидат за членство во ЕУ нема мнозинство од 2/3 од пратениците за да се изрази цврстата политичка волја за постигнување полноправно членство. Исто така, необјасниво би било и внесувањето на идеологија од бивши тотатлитарни режими во обединета Европа“, додава Радев.

Според него, Бугарија била одговорна европска држава и не сакала да внесува во ЕУ отворени проблеми па очекува разбирање, солидарност и поддршка од европските партнери во однос на прашањето за европска интеграција на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…