Објавено на:

Радев: Новата влада ја турка Бугарија поблиску до војната

t

„Курсот на новата влада е да ја турка Бугарија уште поблиску до војна“. Ова пред новинарите го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев непосредно пред да замине за Австрија.

Поканата ја упати австрискиот канцелар Карл Нехамер. Двајцата ќе разговараат за целта Бугарија да ја зајакне граничната безбедност. Во таа насока, шефот на државата призна дека е реално Бугарија да влезе во Шенген во октомври. Претседателот ќе учествува и на тркалезна маса во организација на Стопанската комора на Австрија, како и на овогодинешното издание на Европскиот форум Вахау, кој се одржува во Долна Австрија. Сепак, програмата на претседателот не вклучува средба со претседателот Александар ван дер Белен. Тоа значи дека посетата не е официјална. Радев извесен период не добива покани за официјални посети на европските метрополи.

Претседателот ги коментираше и зборовите на министерот за одбрана Тодор Тагарев, кој неодамна изјави дека е неопходно да продолжи да се пружа помош на Украина.

„Не е соодветно политичарите со скромна изборна поддршка да зборуваат и да преземаат толку тешки обврски во име на Бугарија. Главната должност на секоја влада е да ја гарантира безбедноста и спокојството на бугарските граѓани“, рече Радев. И додаде дека некои политичари не ја сфаќаат длабочината на проблемот и „на оваа војна гледаат како да е театар и удобно се сместиле меѓу публиката со лажлива верба дека ќе останат само гледачи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…