Радев пред средбата со Сиљановска-Давкова: Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Северна Македонија
Република Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија, затоа очекувам овој дијалог да придонесе кон наше културно зближување, но и да ги поттикне економската соработка и туризмот. Ова денеска го изјави бугарскиот претседател Румен Радев при посета на авиобаза, а пред да ја оствари предвидената средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во официјална посета во Софија.
Како што пренесува бугарската национална агенција БТА, Радев очекува Република Северна Македонија да ги исполни сите обврски што ги презела кон Република Бугарија и кон Европската Унија, со што, како што рече, ќе можеме целосно да ги градиме нашите заемни односи.
Според бугарскиот претседател, Владата во С Македонија сè уште не ја напуштила предизборната реторика.
„Нека се смират страстите и нека се вратат во реалноста. А нашите односи ќе продолжат да се градат врз основа на склучените договори и заклучоци на Советот на Европската Унија“, вели тој.
Радев смета дека ангажманот на раководството на Северна Македонија во врска со Коридорот 8 ќе биде јасен индикатор за вистинските европски амбиции на земјата, како и за поголема поврзаност и безбедност во регионот.
„Очекувам дека изразената желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Сиљановска-Давкова ќе остане како доследна политика на владата на С Македонија. Ние строго го следиме протоколот“, вели тој.
Посочи и дека на ред е негова официјална посета на Скопје, а за реализација на тоа прашање најави дека ќе разговара на средбата со македонската претседателка.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска е во официјална посета на Република Бугарија.
Според најавите од нејзиниот кабинет, предвидено е во Софија да оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев и да присуствува на операта „Набуко“ од Џузепе Верди во изведба на Македонската национална опера и балет (НОБ) во Софиската опера и балет.
Инаку, средбата на претседателите на двете земји доаѓа по серија заострени изјави од двете страни. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е за одблокирање на евроинтегративните процеси и дека посветено ќе работи на таа агенда, но дека од бугарска страна треба да има партнер со кого ќе може да се комуницира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев пред средбата со Сиљановска-Давкова: Бугарија отсекогаш…
Република Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог…
(Видео) Три наједноставни трикови за лупење на…
Зимската сезона полека се наближува, а почетокот…
Агелер: Одлично е што претседателката Сиљановска-Давкова оди…
Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека…
Падна одлука за напад во Русија, Америка…
Белата куќа го финализира планот кој ќе…
И ОВА СЕ СЛУЧИ – Украинскиот голман…
Украинскиот портал "Спорт Експрес" објави неверојатна приказна…