Објавено на:

Радев: Украина нема свој став, ги слушаат големите сили

t

Бугарскиот претседател Румен Радев ја коментираше посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Бугарија што се случи минатата недела и изрази надеж дека следниот пат таква посета ќе биде координирана со него.


-„Во таква ситуација најлесно ми беше да не ја одржам средбата, но тоа е лош сигнал за Бугарија и за 300.000 Бугари во Украина. Се надевам дека Владата ќе се придржува до основните протоколарни правила и дека во иднина ќе ги усогласат ваквите настани“, рече тој.


Бугарскиот претседател ја критикуваше Владата поради отсуството на сопствен став и мислење. На средбата со Зеленски тој повторно повика да се најде мирно решение и да не се поддржи испраќањето бугарско оружје во Киев.


-„Секогаш сум ги штител интересите на Бугарија, а не интересите на другите земји. Прашањето е чиј интерес штитат политичарите од Собранието и Владата и што ја диктира нивната политика? Во октомври минатата година, еден од источноевропските претседатели (Радев одби да ја потпише декларацијата на девет источноевропски земји поради клаузулата за поддршка за членството на Украина во НАТО) испрати нацрт-декларација за итна поддршка за членството на Украина во НАТО до сите источноевропски земји. . Тогаш одбив да го потпишам, бидејќи прифаќањето на Украина во НАТО, пред воспоставувањето на долгорочен мир, значи директен конфликт меѓу НАТО и Русија. Тогаш многумина се кренаа против мене, а сега истите тие жестоки критичари наеднаш се предомислија и ја прифатија мојата идеја. Прашањето е само дали имаат свое мислење и став? Затоа што тие несомнено го следат мислењето на големите земји, што во овој случај е добро, бидејќи тие имаат разумен став, но всушност нашата Влада нема свое мислење и став и тоа е голем проблем. Национално одговорното однесување бара сопствено мислење“, рече Радев.


Тој ја критикуваше одлуката за испорака на уште една серија оружје во Украина и изјави дека Бугарија нема да може брзо да ги надополни залихите.


-„Колку и да ве убедуваат дека залихите брзо ќе се надополнат, тоа не е точно. Тоа е процес кој трае со години. Во Германија тој процес ќе биде завршен до 2030 година. Немајте никакви илузии, дали мислите дека ќе имаме ново оружје? Тоа нема да се случи бидејќи долги години владите не беа заинтересирани за бугарската армија“, заклучи бугарскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…