Радев утре ќе го даде мандатот за формирање на Влада: Неизвесно дали Петков ќе биде мандатар
Бугарскиот претседателот Румен Радев утре, на 1 јули во 17 часот ќе му го врачи мандатот на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание, а тоа е Продолжуваме со промените.
Ова денеска го соопшти кабинетот на бугарскиот шеф на државата.
Се очекува ПП да се обидат да формираат влада во рамките на сегашниот парламент.
Кирил Петков денеска не соопшти кого партијата ќе го предложи за мандатар на новата бугарска влада.
„Имаме извршен совет во партијата. Тоа се многу луѓе за кои треба да размислуваме заедно. Прашањето е отсега да се избегне кризна точка, што и не е толку важно“, коментира Петков.
Кој ќе биде предложен за премиерски кандидат со првиот пробен мандат, мора да се одлучи до утре попладне, кога претседателот ќе го претстави на „Продолжуваме со промената“.
И партнерите од „Демократска Бугарија“ го чекаат името на кандидатот на „Продолжуваме со промената“ за да проценат дали ќе го поддржат.
-За нас поважна е политичката формула на која ќе застане кабинетот отколку прашањето за името на идниот премиер, изјави денеска претседателот на пратеничката група на Демократска Бугарија Христо Иванов, пренесува БТА.
„Прашањето овде не е за фигурата на можниот премиер, туку генерално да се најде формулата – дали е нова влада која има за цел да го заврши четиригодишниот мандат или да има поограничен хоризонт и поограничена агенда за решавање на најитните проблеми во текот на следната година. Би разговарале и за таква опција, која би го префрлила фокусот на повеќе експертски фигури, а не толку на политичките лидери“, коментира Иванов.
Според него, во рамките на овој состав на бугарскиот парламент може да се собере поддршка за предлагање влада со прв мандат, кој утре шефот на државата Румен Радев треба да го предаде на „Продолжуваме со промените“.
„Топката е во полето на мандатарите од „Продолжуваме со промената“, мора да кажат каква визија имаат“, рече Христо Иванов. Според него, може да се бараат различни формули, а најдобра опција за земјава е да се избере редовна влада уште со првиот мандат.
Лидерката на БСП Корнелија Нинова јасно нагласи дека нејзината партија ќе преговара за нова влада само ако Петков не е кандидат за мандатар.
„Ќе се вратиме на преговарачка маса кога ПП ќе предложи друг кандидат за премиер. Петков рече дека денеска бордот на ПП ќе се состане и ќе го реши ова прашање. Ние не се мешаме во работата на другите партии. Неговата кандидатура за премиер едноставно е неприфатлива“, рече Нинова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…