Радиоактивни зрачења од Чернобил: Има опасност за цела Европа, тврди украинската нуклеарна агенција
По преземањето на контролата врз поранешната нуклеарна централа во Чернобил, денеска украинската нуклеарна агенција и Министерството за внатрешни работи објавија дека бележат зголемено ниво на радијација на локацијата на затворената нуклеарна централа во Чернобил.
Експертите од државната нуклеарна агенција не дадоа точни нивоа на радијација, но рекоа дека промената се должи на движењето на тешката воена опрема во таа област, која крева радиоактивна прашина во воздухот.
„Радијацијата почнува да расте. Засега тоа не е критично за Киев, но ние го следиме“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Ситуацијата е сериозна во зоната Чернобил. Сега регистрираме зголемено гама зрачење. Не знам што се случува. Има складиште за нуклеарен отпад. Ова е опасност за цела Европа“, рече Александаровиќ во утринската програма на Телевизија Курир.
Русија соопшти дека нивото на радијација во близина на електраната е нормално и дека персоналот продолжува да ги следи нивоата на радиоактивност. Тие издадоа и соопштение во кое тврдат дека руските војници ја држат нуклеарната централа Чернобил со цел да ја „заштитат“. По преземањето на контролата врз поранешната нуклеарна централа во Чернобил, денеска украинската нуклеарна агенција и Министерството за внатрешни работи објавија дека бележат зголемено ниво на радијација на локацијата на затворената нуклеарна централа во Чернобил.
Експертите од државната нуклеарна агенција не дадоа точни нивоа на радијација, но рекоа дека промената се должи на движењето на тешката воена опрема во таа област, која крева радиоактивна прашина во воздухот.
„Радијацијата почнува да расте. Засега тоа не е критично за Киев, но ние го следиме“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Ситуацијата е сериозна во зоната Чернобил. Сега регистрираме зголемено гама зрачење. Не знам што се случува. Има складиште за нуклеарен отпад. Ова е опасност за цела Европа“, рече Александаровиќ во утринската програма на Телевизија Курир.
Русија соопшти дека нивото на радијација во близина на електраната е нормално и дека персоналот продолжува да ги следи нивоата на радиоактивност. Тие издадоа и соопштение во кое тврдат дека руските војници ја држат нуклеарната централа Чернобил со цел да ја „заштитат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…