Радмила Шекеринска заменик-генерален секретар на НАТО ?

t

Пред да го започне својот нов мандат како шеф на НАТО, Марк Руте веќе поминува низ неколку биографии на потенцијални кандидати за неговата десна рака, пишува порталот Политико.

Актуелниот заменик, Мирчеа Џоана, кој ја извршуваше функцијата од 2019 година, се очекува да се повлече за да се кандидира на романските претседателски избори во ноември, изјавија претставници на НАТО за ПОЛИТИКО.

Според висок дипломат на НАТО од Западна Европа, постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте.

Во седиштето на НАТО се дискутира за двајца поранешни функционери од Северна Македонија и Бугарија, две балкански земји кои некогаш беа под советска контрола до крајот на Студената војна.

Поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску, изјави дека можеби функцијата ќе и припадне на жена од Источна Европа, што не е само резултат на јавниот притисок да се назначи жена за генерален секретар наместо Руте.

Руте ќе го преземе кормилото на НАТО на 2 октомври, во време кога алијансата се соочува со предизвици за поддршка на источното крило со цел да спречи потенцијална руска агресија. Според проценките на Германија, Русија би можела да биде подготвена воено да ги нападне земјите на НАТО за пет до осум години, доколку одлучи да го стори тоа.

Едно од најспоменуваните имиња е на поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска. Доколку биде избрана, таа ќе стане највисок функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Шекеринска имаше клучна улога во влезот на Северна Македонија во НАТО пред четири години и моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти.

Друг кандидат е поранешната вицепремиерка и еврокомесар од Бугарија, Марија Габриел. Според двајца функционери со директно знаење за нејзините планови, постојат гласини дека таа е исто така во трката за заменик-генерален секретар на НАТО, пишува Политико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…