Објавено на:

Разбиена криминалната мрежа која заработила 427.000 евра од криумчарење мигранти

t

Шпанската и француската полиција денеска соопштија дека во заедничка акција разбиле мрежа за трговија со луѓе, која илегално превезувала мигранти од Шпанија во Франција, заработувајќи и до 427.000 евра.

Членовите на оваа банда на мигрантите им нуделе превоз од Шпанија до Франција без документи, а француските власти веруваат дека групата заработила од 250.000 до 427.000 евра за транспорт на 1.700 мигранти.

Полицијата на двете земји во соработка со ЕВРОПОЛ приведе вкупно 19 осомничени, од кои 15 во Франција и четворица во Шпанија, пренесува Расон.

Полицијата при претрес на објекти во двете земји запленила и моторен чамец, пари, наркотици и бројни документи, јавува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…

Human Rights Watch со апел до ЕУ…

Human Rights Watch Однесувањето на Босна и…