Разбиена меѓународна албанска мафија: Запленет имот од два милиони евра

t

Италијанските власти за борба против мафијата информираат дека во соработка со американските, шпанските, холандските, белгиските, хрватските и германските полициски и судски сили, реализирале мега операција, во која е разбиена криминална мафијашка организација, чии членови биле Албанци, јави албанската телевизијата Ора њуз.

Според истиот извор организацијата шверцувала големи количества кокаин од Јужна Америка во Европа. Шпанија и другите европски земји се користеле за сложени финансиски операции, каде се переле парите добиени од шверцот на дрога во вредност од неколку милиони евра.

Во мега операцијата уапсени се 45 лица, извршени се претреси на 80 локации при што се запленети дрога и оружје, како и имот вреден два милиона евра. Членовите на криминалната група користеле шифрирана комуникација и редовно патувале во Дубаи, во Мексико и во Колумбија.

Околу 600 полициски сили и специјални единици на италијанската, белгиската, хрватската, шпанската, британската, холандската и германската полиција, во координација на Европол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…

(ФОТО) Италија воодушевена од акцијата на припадник…

Италијанските карабинери објавија информации за херојскиот потфат…

Тага во Италија по смртта на папата:…

По веста за смртта на папата Франциско,…

Докторка од Италија која го лекувала штипјанецот…

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница…