Објавено на:

Разговараа Путин и Ердоган: Искрена надеж за скорешен крај на војната

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин за можностите за извоз на други прехранбени производи и стоки долж таканаречениот „коридор за жито” низ Црното Море, соопшти турското претседателство.

Како што е наведено, за време на телефонскиот разговор Ердоган и Путин разговарале и за билатералните односи, енергетиката и борбата против тероризмот.

По Црноморскиот хуманитарен коридор се транспортирани над 13 милиони тони жито, а можен е и извоз на други прехранбени производи, рече Ердоган во телефонскиот разговор.

Турскиот претседател ја изрази и својата „искрена надеж за скорешен крај на војната меѓу Русија и Украина”.

Ердоган исто така му рекол на Путин дека чистењето на границата на неговата земја со Сирија од терористи на длабочина од најмалку 30 километри е приоритет за Анкара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…

Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…

Ердоган го покани Трамп да ја посети…

Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…