Објавено на:

Ракети и натаму паѓаат врз нуклеарната централа Запорожје, Украина и Русија се обвинуваат кој стои зад нападите

t

Ракети и натаму паѓаат врз нуклеарната централа Запорожје, Украина и Русија се обвинуваат кој стои зад нападите, светот стравува од нов, уште покатастрофален Чернобил.

Украина обвинува дека во последните две недели електраната е под дожд од руски проектили и дека дневно се истрелувале и до 120 ракети. Киев најавува дека е подготвен и за најлошто сценарио.

-Имаме план за секаков развој на настаните, вклучително и за евентуално присуство на радијација и за брза евакуација на населението. Сакам да потсетам дека ова е најголемата нуклеарна електрана. Не сакам да замислам за последиците на катастрофата, ако Русите ги продолжат акциите. , Денис Монастирски, министер за внатрешни работи на Украина

Ставувањата за евентуална хаварија ги засили и видео снимка на социјалните мрежи, на која наводно се гледа густ чад од електраната, но веста официјално никој не ја потврдува. Објектот е под контрола на околу 500 руски војници, но ја одржуваат украински техничари. Обединетите Нации повикаа да се формира демилитаризирана зона околу Запорожје, што Москва не го прифаќа. Русија ги отфрли како апсурдни обвинувањата дека тие го ракетираат објектот, што е под нивна контрола со месеци.

-Oна што го гледаме последните денови во Запорожје е резултат на криминалните акции на Киев во однос на нуклеарната електрана Запорожје, кои го туркаат светот на раб на нуклеарна катастрофа. , изјави Василиј Небенсија, руски амбасадор во ОН

Времето истекува, алармираше и прввиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, кој за време не седницата на Советот за безбедност потсети дека Агенцијата со недели се обидува да испрати мисија за проверка на централата.

-Ова е сериозен момент. На МААЕ мора да ѝ се дозволи да ја изврши својата мисија во Запорожје што е можно поскоро. , изјави Рафаел Гроси, шеф на Меѓународна агенција за атомска енергија

Руските трупи го зазедоа Запорожје во март, непосредно по инвазијата на Украина. Од тогаш тој е под руска контрола, но украинскиот персонал продолжи да работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…