Објавено на:

Раководството на помалиот коалициски партнер на Олаф Шолц поднесе колективна оставка

t

„Дојдовме до заклучок дека е потребен нов почеток“, изјави потпретседателот на Партијата на зелените Омид Нурипур во седиштето на партијата во Берлин.

Оставка поднесе и вториот потпретседател на партијата Рикарда Ланг, како и целото претседателство на партијата. Со овој потег, како што пренесуваат германските медиуми, претседателството на партијата ги повлекува последиците од лошите изборни резултати во источногерманските сојузни покраини Саксонија, Тирингија и Бранденбург.

Во Тирингија и Бранденбург партијата не го помина изборниот праг, а во Саксонија со 5,1 отсто го постигнаа својот најслаб резултат во оваа сојузна покраина досега. Аналитичарите оценуваат дека гласачите ја отфрлаат зелената политика на инсистирање на енергетска трансформација, како и партијата која се противи на ограничување на бегалскиот проток.

Новото претседателство на партијата треба да се избере на партиската конвенција во ноември. Од крајот на 2021 година, Зелените се помал партнер во сојузната влада на Олаф Шолц со социјалдемократите и либералите.

Сојузната влада во моментов бележи ниски вредности во анкетите за популарност, а медиумите со денови шпекулираат за предвремено распаѓање на коалицијата поради постојаните кавги меѓу коалициските партнери, пред сѐ Зелените и либералите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомби во трговски центри во…

Ариа мол во Сараево е евакуиран поради…

Раководството на помалиот коалициски партнер на Олаф…

„Дојдовме до заклучок дека е потребен нов…

Смртна закана за словачкиот премиер Фицо –…

Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер…

ГОЛЕМА АКЦИЈА: Познати скопски кафулиња и ресторани…

Познати кафулиња, пекарници, ресторани и други бизниси…

Во петок е еден од најголемите христијански…

Воздвижение на Чесниот Крст Крстовден кој во…