Ракометарите испаднаа, ама македонското знаме и понатаму ќе се вее во Германија!

t

Македонската ракометна репрезентација со синоќешната победа над Швајцарија (29-27) го заврши настапот на ЕП 2024, но нашата држава и во продолжението ќе има свои претставници и тоа судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои добија делегирање за вториот круг од шампионатот.

Тие се делегирани на средбата помеѓу домаќинот Германија и Исланд, кој се игра утре во Келн, каде што ќе се игра и самата завршница на континенталниот собир. Македонскиот двоец нема да има лесна задача, особено поради фактот што „Ланксас арената“ ќе биде исполнета до последното место во очекување на триумф на домашната селекција.

Ова е трет натпревар за Николов и Начевски на ЕП 2024, откако претходно ја делеа правдата на пресметките помеѓу Шведска и Холандија односно на Полска и Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…