Објавено на:

Ракометарите на Вардар триумфираа во Тулуз

t

Македонскиот вицешампион Вардар вечерва оствари голема победа откако во 2.коло од ЕХФ Лига Европа го совлада францускиот Тулуз на гости со 28:26 (18:11). Ова за „црвено-црните“ е втора победа во групата Ф.

Вардар одлично го почна натпреварот, а водство имаше во текот на целиот натпревар. Единствено резултатот беше нерешен 1:1, а Вардар направи серија од 5-0 за водство до 6:1. На почетокот на вториот дел Вардар поведе и со +9 (20:11 и 21:12), но потоа Тулуз имаше серија од 10:2 и стигна до негатива од еден гол. Сепак избраниците на Иван Чупиќ, најдоа сили и го задржаа водството до крајот на дуелот.

Најефикасен кај Вардар беше Јака Малус со 6 голови, додека на дуелот најпрецизен беше Немања Илиќ од Тулуз со 7 голови.

На вториот дуел од група Сесвете – Кристијанстад 32:32.

Вардар е лидер на табелата со 4 бодови, Кристијанстад има 3, Сесвете 1, Тулуз 0.

Во следното коло Вардар на 11.ноември гостува кај Кристијанстад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ракометарите на Вардар триумфираа во Тулуз

Македонскиот вицешампион Вардар вечерва оствари голема победа…

Украина и европските земји подготвуваат план од…

Европските земји во соработка со Украина работат…

(Видео) Јакимовски: Од 7 сабајле до 7…

Карпош се дави во смет а ние…

Изборите во 2026 година ќе бидат најважните…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Зрењанин…

Тајмс открива нови детали: И Македонија е…

Косово стана првата земја што понуди да…