Објавено на:

Ракометен Куп: Вардар го брани пехарот, Алкалоид е првиот предизвикувач!

t

Домашната ракометна сцена ќе го добие јубилејниот, 30-ти освојувач на Купот на Македонија, а како ретко кога (во машка конкуренција) три екипи влегуваат во завршниот ринг со блиски, дури изедначени шанси. До кулминацијата со саботните финалиња и кај мажите и кај жените, возбудата на завршниот турнир во Охрид полека ќе ја градат полуфиналните пресметки, почнувајќи од попладнево. Во 17.30 часот Пелистер е голем фаворит со Пролет, а од 20 ќе се судрат Алкалоид и Вардар.

Црвено-црните се бранители на трофејот од минатата година, истовремено и рекордери со 15 такви примероци од осамостојувањето на Македонија, а откако ја загубија битката за титулата во Суперлигата, ова драгоцено парче метал ќе има уште поголемо значење, како спасител на сезоната.

Проблемите кои ги разгоре суспензијата од ЕХФ, пред неполна година, како домино-ефект донесоа повеќекратни последици по ростерот на Вардар, по формата на играчите и на екипата како целина, па по беспрекорната есен, пролетва двапати загубија. Поразите се токму од главните конкуренти деновиве во „Билјанини извори“, Пелистер и Алкалоид. Се разбира дека покажаа и дека можат да ги совладаат и тоа убедливо, но прашање е каква верзија на Вардар ќе видиме вечерва од 20 часот.

Противниците од Алкалоид, мотивирани да додадат во своите свежи биографии уште едно престижно одликување, сигурно ќе тргнат во беспоштедна борба, но нивната борба нема да биде само против Вардар. Предизвик ќе им биде и сопствената младост и разгорената желба која често знае да фрли пламени и во непосакувана насока.

Пелистер, се чини, излезе најсреќен по ждрепката на РФМ, па денешната задача со Пролет треба формално да ја одработи, имајќи предвид дека симпатичниот тим од истоимената скопска населба продаде тројца клучни играчи пред вторава полусезона и е далеку од своите есенски блесоци. Пелистер има пет пехари од Купот на Македонија, а освојување на шестиот би било џек-пот за битолските ракометни вљубеници, кои трпеа суша уште од двојната круна од 2005 година.

Женските полуфиналиња на програмата се утре, од 17.30 Куманово и Металург, од 20 часот Вардар против Ѓорче Петров.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…