Објавено на:

Рама за Косово: Во вакви ситуации војната и мирот ги дели тенка линија

t

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на тензиите на северот на Косово и истакна дека „100 отсто ја поддржува” владата на Косово.

-Вчерашниот настан е одраз на длабоката тешкотија што постои во овој однос и спроведувањето на суверенитетот на целата територија на Косово врз основа на договорот постигнат меѓу Косово и Србија во Брисел. Во овој момент 100 отсто ја поддржувам владата на Косово и властите на Косово да го спроведат договорот, рече Рама, јавуваат албанските медиуми.

Нагласил дека Приштина ја донела вистинската одлука со спроведување на реципроцитет, а потоа ја одложила за 30 дена и додал дека во вакви ситуации Косово има две опции, едната е уназадување и војна, а другата е да седне на маса за „Отворен Балкан”.

Рама му честитал на Курти за воздржаноста и за слушањето на сојузниците, порачувајќи дека “во ситуации со наследен конфликт, војната и мирот ги дели тенка линија”.

– Не живееме во 19 век. Она што се случува во Русија треба да не натера силно да размислиме. Патот на мирот и војната, во вакви ситуации, е разделен со конец. Владата на Косово ја направи вистинската работа, смета Рама.

Според него ситуацијата на северот на Косово покажува зошто е потребен Отворен Балкан.

– Овие ситуации не покажуваат дека „Отворен Балкан” е непотребен или погрешен. Не покажуваат дека нашиот пристап кон Србија и политиката на приближување е непотребен. Овие ситуации покажуваат зошто е потребен Отворен Балкан. Ова е причината зошто Косово треба да седне на масата за Отворен Балкан. Кога работите ќе тргнат наопаку, постојат два начина, едниот е војната, од која никој не добива, а другиот начин е да се изгради мир. Ние сме луѓе и имаме обврска да им оставиме мир на децата – рече Рама.

Тој додал дека неговиот пријателски однос со претседателот на Србија, Александар Вучиќ не го спречува “да не се согласува таму каде што не се согласува”.

-Не можеме да ги избереме нашите соседи, Србија е таму, Косово е таму, ние тука. Сега има два патишта или да го повториме она што го видовме во минатото или да го изградиме она другото. Јас ќе се залагам за второто и историјата ќе докаже дека сум во право, рекол Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…

Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…

Во пожарите во Албанија изгореле 29.000 хектари…

Системот за сателитски мониторинг на Европската Унија…

Стејт департмент: Сите тврдења за мешање на…

Американскиот Стејт департмент објави дека секое тврдење…

Вулин: Србија има политичка поддршка од Русија,…

Србија ја има политичката поддршка од Русија…

Црвен метео аларм во цела Србија поради…

Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди дека во Србија…