Рама: Конфликтите во Косово се од интерес на Русија
Албанскиот премиер Еди Рама изјави за британскиот весник „Фајненшл тајмс“ дека НАТО треба повторно да воспостави контрола врз северно Косово, повикувајќи ги западните лидери да го решат „бесконечното лудило меѓу балканските земји“.
„НАТО треба повторно да воспостави контрола над северно Косово или ќе се соочи со континуирано насилство меѓу етничките Срби и етничките Албанци во регионот“, изјави албанскиот премиер за ФТ.
Рама, чија земја е членка на НАТО алијансата, разговараше со ФТ по судирите во Бањска каде загинаа најмалку четири лица, од кои еден косовски полицаец.
„Косово е фокусна точка. Таа стана ничија земја со текот на годините каде што сите видови злосторства се комбинираат со растечкиот национализам. Границата меѓу криминалот и политиката е нејасна“, рече Рама.
НАТО најави дека ќе ги распореди дополнителните сили потребни за стабилизирање на ситуацијата, а Германија и Велика Британија веќе ветија стотици војници покрај постојните сили од 4.500 војници за да го задржат регионот под контрола, потсетува британскиот весник, додавајќи дека косовскиот и српскиот лидер повикаа НАТО да го зголеми своето присуство и да ги смири тензиите.
Рама се заложи за „конференција на високо ниво“ која ќе ги вклучи лидерите на Франција и Германија и повторно ќе ги вклучи САД.
„Тоа е најдобриот (начин) да се излезе од ова бескрајно лудило“, рече Рама, кој веќе го привлече вниманието на влошената безбедносна ситуација во Косово за време на самитот на НАТО во јули.
Целта, рече тој, е „целосно признавање на Косово во ЕУ и ОН“.
„Не е лесно да се смени текот на историјата, потребно е лидерство. Но, ако Франција и Германија можеа да го направат тоа (по Втората светска војна), ако Саудиска Арабија и Израел можат да го направат тоа, тогаш знаеме дека тоа може да се случи, рече албанскиот премиер.
Рама долго време се воздржуваше од вклучување во конфликтот во Косово, веќе гради срдечни врски со Белград, а се залага за влез на Западен Балкан во ЕУ. Но, со оглед на зголемената безбедносна закана не само за Албанците во Косово, туку и за целиот регион, Рама рече дека мора да ги нарече работите со вистинското име, објави ФТ.
„Нестабилноста на Западен Балкан им служи на интересите на Москва“, рече Рама.
Русија долго време ја поддржува Србија и не ја призна независноста на Косово. По руската инвазија на Украина, Белград се спротивстави на повиците од Западот за воведување санкции кон Русија.
„Кремљ, исто така, би сакал да види малку Донбас во Косово и да го разгори пламенот на сепаратизмот среде Европа“, рече Рама.
Иако не понуди докази за руската вмешаност во неодамнешното разгорување на тензиите, Рама рече дека вмешаноста на Кремљ е „наједноставниот заклучок што може да се донесе“.
„Тие (Русите) го прават тоа низ целиот свет, од Африка до Блискиот исток, па се разбира дека ќе се обидат и во Европа… А Косово е (алатка) за Русите“, рече албанскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…