Објавено на:

Рама: Однесувањето на Бугарија кон Македонија беше срамно

t

Премиерот на Албанија, Еди Рама во разговор за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“, меѓу другото, зборуваше за евронтегративниот процес, при што однесувањето на Бугарија кон Македонија го нарече срам.

„Начинот на кој Бугарија се однесуваше кон Северна Македонија беше срам. Софија повеќе нѐ подели, отколку што нѐ обедини. Се надевам дека тоа ќе се промени сега“, изјави Рама, јави „АБЦ њуз“.

За отворањето на преговорите со ЕУ, тој нагласи дека „нашето трпение е неисцрпно на оваа тема, бидејќи немаме друг избор. Навикнати сме на тоа“.

Албанските медиуми посветуваат посебен простор и за почетокот на преговорите на Македонија, што е најавено за утре на првата меѓувладина конференција.

„Северна Македонија утре во Брисел ќе ја одржи и првата меѓувладина конференција со ЕУ, на која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја прочита воведната изјава на македонски јазик. Потоа започнува верификацијата, која ќе трае година и пол, и по завршувањето на тој процес се планира следната меѓувладина конференција со која ќе се заврши фазата на отворање на преговорите за членство, а нејзиното одржување е условено со измените во Уставот“, наведува Топ чанел.

Според албанските медиуми, францускиот предлог предвидува надминување на разликите меѓу Скопје и Софија во однос на македонскиот јазик, идентитетот и историското минато, додека бугарската страна „бара од македонската страна да го вклучи бугарското малцинство во Преамбулата на уставот, како рамноправно со другите народи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…