Рама разговарал со Столтенберг за хакерските напади од страна на Иран

t

По хакерските напади врз институциите во Албанија, за кои Тирана го обвини Иран и ги прекина дипломатските односи со државата, денеска телефонски разговарале албанскиот премиер Еди Рама и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

По разговорот, Стoлтенберг на Твитер напиша дека НАТО „ќе понуди целосна поддршка и солидарност со Албанија“.

– За сајбернападите против нашиот сојузник Албанија, кои многу сојузници му ги припишуваа на Иран, НАТО ќе продолжи да дава поддршка и да стои во целосна солидарност со Албанија, напиша Столтенберг.

На истата тема, Рама вчера се слушнал и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го осудил нападот на 9 септември врз албанските гранични контролни системи, кој следеше по хакерските напади врз владините системи на Албанија на 15 јули. Албанија по неколку недели соопшти дека спровела истрага која недвојбено покажала дека хакерите имале поддршка од Техеран.

Блинкен ја истакнал важноста на соработката меѓу САД и Албанија, како сојузник во НАТО, за регионалната безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Столтенберг: Досега не видовме вистинска волја од…

Досега не видовме вистинска волја од страна…

Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…

Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…

Рама го пофали Курти за прифаќањето на…

Албанскиот премиер Еди Рама се огласи на…

Столтенберг и Мили согласни: Мора да се…

Двајцата топ западни официјални лица рекоа дека…

Столтенберг ги повика сите страни во Косово…

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги…