Објавено на:

Tрамп конечно најави дека ќе ја казни Русија по најголемиот напад врз Украина досега

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата куќа потврди дека е „подготвен за втората фаза од санкционирањето на Русија“ поради војната во Украина. Тој изрази растечко незадоволство од Москва во последните недели по средбата со Владимир Путин минатиот месец, но досега се воздржуваше од построги мерки.

„Подготвени сме да го зголемиме притисокот врз Русија, но сакаме нашите европски партнери да го следат примерот“, изјави претходно денес американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи: „трката сега е колку долго може да издржи украинската војска и колку долго може да издржи руската економија“, рече Бесент.

„Доколку САД и Европската Унија воведат дополнителни санкции, вклучително и секундарни тарифи за земјите што купуваат руска нафта, руската економија целосно ќе се сруши и тоа ќе го донесе претседателот Путин на преговарачката маса“, додаде тој.

Најголем воздушен напад досега
Минатиот месец, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе 50 проценти тарифи за Индија за купување руска нафта, меѓу највисоките што некогаш ги вовела на една земја.

За потсетување, Русија синоќа го изврши својот најголем воздушен напад врз Киев од почетокот на војната. Беа испукани околу 800 беспилотни летала и ракети, а за прв пат беше оштетена зградата на украинската влада, а во нападите беа убиени најмалку тројца цивили, вклучувајќи и двомесечно бебе. Повеќе од 40 лица беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tрамп конечно најави дека ќе ја казни…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата…

Вака се прави држава! Во Албанија во…

Само во текот на август во Албанија…

Филипче: АНБ можеби истражувала сомнителни финансиски извори…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека…

Во Болницата во Кочани задржани се четворица…

На болничко лекување во моментов во кочанската…

(Фото) Еве како изгледа Тетово со Касами

Количка за пазарување во маркети се најде…