Распродажбата на ХЕЦ Чебрен и Тиквеш е штетна како продажбата на ОКТА!

t

Распродажбата на ХЕЦ Чебрен и Тиквеш е штетна како продажбата на ОКТА, реагираат од политичката партија Левица од каде велат дека двете хидроелектрани ќе бидат дадени под концесија на инвеститорот и истите се оттуѓуваат од правото државата да располага со нив.

– За најважниот енергетски проект во државата, хидроцентралата Чебрен, која ќе ја гради грчкиот инвеститор ,,Архиродон”, Македонија нема да даде пари за изградба, а својот удел во инвестицијата ќе го “плати” со отстапување на уште едно енергетско богатство – ХЕЦ Тиквеш. Ваквата скандалозна одлука ја соопшти министерката Каја ШУКОВА, со што двете хидроелектрани ќе бидат дадени под концесија на инвеститорот и истите се оттуѓуваат од правото државата да располага со нив!

По изградбата, државата ќе располага со 33% од влогот, а 67% му останува на концесионерот. Катастрофалниот договор е склучен на начин како и договорот со ОКТА со Хеленик Петролеум, по принципот „отуѓи, па цел живот плаќај“. Со овој ШТЕТЕН договор, грчката компанија ќе располага со двете хидроелектрани и природно богатство, а народот во наредните 60 години, колку што е договорот за концесија, ќе продолжи да ја плаќа струјата на берза.

Ова претставува уште еден „бонбона“ бизнис на однародената власт која што ја распродава независноста на Македонија. Основен темел на независноста на една држава е стабилен електро-енергетски систем. Владата на Ковачевски, покрај распродажбата на националните и државните интереси, удри и по темелот на независноста на Македонија, електро-енергетскиот систем.

Јасно е дека оваа партија, која ја спроведе катастрофалната ПРИВАТИЗАЦИЈА при транзицијата, нема никаков државотворен капацитет – туку единствено е вазална на странскиот капитал и интереси. Историски докажано е дека секое владеење на СДС е ПОГУБНО за националните и економските интереси на Републиката и затоа ова квази левичарска партија на следните избори ќе ја доживее својата неминовна пасокизација, велат од Левица.

Скандалот со продажбата на ОКТА и детали од договорот, како и шемата како Македонците со децении се крадени, а со тие пари во меѓувреме се платија клучни ликови од политичката сцена за уништување на македонските национални интереси, пред пет месеци го ексклузивно го објави Инфомакс.

Целиот текст и деталите за продажбата на ОКТА, прочитајте го во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…