Објавено на:

Расте бројот на жртвите од поплавите во БиХ

t

Денеска е Ден на жалост на целата територија на Босна и Херцеговина поради катастрофалните поплави и одрони кои зафатија делови од земјата. Во БиХ се уште има жртви од поплавите и бројот на жртви за жал постојано расте. Спасувачите и денеска се на терен.

Состојбата со поплави и одрони во погодените подрачја се уште е исклучително тешка, а операциите за пребарување и чистење на насобраниот насип и материјал продолжија и денеска.

Водата и одроните уништија десетици куќи и оштетија инфраструктура.

Градоначалникот на Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост по повод трагичната смрт на неколку граѓани во несреќа што го зафати подрачјето на Јабланица.

На Денот на жалост не може да се одржуваат програми од културно-забавен карактер на јавни места, а медиумските куќи се должни да ја координираат и приспособат својата програмска содржина на Денот на жалоста, пренесува Н1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Шпанија спасена жена која три дена…

Жената која три дена била заробена во…

Над 200 загинати досега во поплавите во…

Бројот на загинати во поплавите што ја…

Реал Мадрид донира еден милион евра за…

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој…

Трагедија: Бројот на жртвите од поплавите во…

Бројот на загинати од силните поплави во…

Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…

Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…