Расте бројот на заболени од Ковид во Македонија – 116 за една недела
Од 29 јули до 4 август во Институтот за јавно здравје тестирани се 342 материјали за ковид 19 и регистрирани се 116 нови позитивни случаи, потврдуваат за „Слободен печат“ од Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот. Споредено со неделата пред тоа, направени се за 30 проценти повеќе тестирања а бројот на позитивни резултати пораснал за 48,7 проценти, односно од 78 пораснал на 116 позитивни резултати.
Процентот на позитивност се движи од 17,6 проценти до 43,8 проценти, просечно 32,3 проценти. Регистрирани се заболени лица во општините од 7 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје каде има 61 заразени, а највисоката инциденца е регистрирана во Кавадарци и изнесува 58,2 на 100 илјади жители.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години, односно 32 лица. Со статус оздравени се стекнале 77 лица. Не се пријавени починати лица.
Се препорачува следење на основните мерки за превенција на ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања, а при појава на симптоми, јавување на матичен лекар или инфектолог за дијагностика и третман на заболувањето, велат од Институтот за јавно здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…