Расте поддршката: Венецуела, Куба и Никарагва најавија признавање на републиките Доњецк и Луганск
Венецуела, Куба и Никарагва најавија дека ќе го следат примерот на рпетседателот на руската федерација, Владимир Путин и наскоро ќе ги признаат републиките Доњецк и Луганск.
Путин пред малку во живо на прес конференција потпиша указ за признавање на независноста на сепаратистичките региони во Украина, Народна Република Доњетск и Народна Република Луганск.
Абхазија ја поздрави и поддржа одлуката на претседателот на Русија да ги признае Народните републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), изјави претседателот на државата Аслан Бжанија.
„Ја поздравуваме одлуката на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, да го признае државниот суверенитет и независност на Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република. „Одлуката за признавање на суверенитетот на Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република е праведна, заснована на адекватна проценка на геополитичката реалност и одговара на современите предизвици и закани“, рече претседателот на Абхазија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…