Расте цената на нафтата на светските берзи
Цените на нафтата на меѓународните берзи се зголемени за еден отсто, пред обраќањето на директорот на американската Централна банка (ФеД), Џером Пауел, кој може да им даде на инвеститорите индиции за идната насока на каматните стапки.
Цената на барел нафта на берзата во Лондон се зголеми за 93 центи и се продаваше за 84,29 долари. Додека на американскиот пазар барелот се продаваше по повисока цена од 87 центи односно за 79,92 долари.
Внимателноста на инвеститорите пред говорот на Пауел на симпозиумот во Џексон Хол го подигна доларот на највисоко ниво во изминатите 10 недели, бидејќи пазарите чекаат индиции за тоа колку долго каматните стапки ќе останат покачени. Силниот долар ја поскапува нафтата за имателите на други валути и ја намалува побарувачката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…
Цената на суровата нафта во светот порасна…
Ердоган: Откриени нови резерви на нафта во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри…
Околу 82.000 литри нафта се излеале за…
Цените на нафтата се приближуваат до 65…
Цените на нафтата денеска се стабилизираа на…