Расчистено кривично дело за противправно лишување од слобода – приведени неколку лица

t

На 15.02.2022 околу 18.15 часот од полициски службеници од СВР Скопје од седиште на правно лице на подрачјето на Карпош се лишени од слобода Б.П.(56), Н.П.(50), М.П.(25), С.П.(19) и О.Р.(31), сите од Скопје, постапувајќи по пријава примена околу 17.00 часот од страна на 52-годишна жена од Скопје, според која претходната вечер Б.П. протиправно го лишил од слобода нејзиниот 56-годишен сопруг.

По преземени мерки и активности од страна на инспектори од Единицата за насилен криминал, по насока на дежурен Јавен обвинител и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во деловен објект на подрачјето на Карпош, сопственост на Б.П., при што е пронајдено пријавеното лице, а сторителите се приведени. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американец кој невин поминал 48 години во…

Судија од Оклахома ослободи човек кој бил…

Добро утро со Инфомакс: Секогаш има Илиндени,…

Илинден е еден од најголемите македонски празници,…

Македонија малку подобра од Украина: Остануваме “делумно…

Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“…

Британија ја прославува слободата: Заштитните маски веќе…

Купувачите беа видени како ги фрлаат маските…