Рафајловски: Инфлацијата ќе се зголеми но долгорочно мислам дека Русија ќе биде губитникот

t

Нема дилеми дека постигнатиот договор во Софија за поевтина струја за македонското стопанство во текот на зиматата е вистински чекор. Потсетува дека во изминатите 20 -30 години Бугарија е доверлив извор на енергија, и тоа не само за Македонија, туку и за Србија, Грција и Турција.

„Премиерот Ковачевски настапи разумно, а Бугарија покажа дека е подготвена да ја поддржи Македонија.Тоа е политичка одлука, не знам по кои цени ќе се набавува електричната енергија и што ќе значи тоа за економијата на нашата земја но има убава политичка димензија“, изјави Рафајловски за „Локално“.

Позитивен став има и во однос на понатамошните, идни перспективи на Европа и покрај актуелната енергетска криза, особено  засилена по затворањето на гасоводот Северен тек. Како аргумент, го посочува фактот дека  земјите членки на ЕУ  во сегашнава ситуација, 30-40% од потребните количини гас што доаѓаат од Русија  ќе ги надополнат од дел од источните земји, од Норвешка и  Канада, дополнително интензивно работејќи на градење пристаништа, резервоари за складирање течен гас.

„Сигурно дека инфлацијата ќе се зголеми, сигурно дека ќе се зголеми и економската нестабилност, но долгорочно мислам дека Русија ќе биде губитникот од овој економско-енергетски конфликт“, вели Рафајловски.

Неспорно според него е дека ќе се појави нервоза меѓу граѓаните на ЕУ, но категорично ја отфрла можноста од поголеми протести и демонстрации поради намалениот животен стандард.

Европа остана без гас откако Кремљ се закани дека  гасоводот Северен тек  ќе остане затворен се додека не се укинат санкциите. Газпром од друга страна  посочи дека во прашање е технички проблем. Која и да е причината, останува фактот дека Европа ќе се соочи со економски последици. Дали веќе се прават проценки на штетите на Унијата, и колкави ќе бидат последците, иако индиректни  по нашата земја?

-Прво да кажам дека станува збор за конфликт за кој постои опасност дека навистина ќе се прошири.Три елементи се многу важни за овој конфликт и тоа,прво имаме димензија што запаѓа во безбедносната структура,втората е енергетко-економската и трето е политичко-допломатската.Сведоци сме на еден замрзнат конфликт во Украина, тоа е како два или три во светот кои секогаш можат да избувнат, така што покрај Нагорно Карабах , Грузија и Молдавија сега ја гледаме Украина.

Конфликтот што прераснува и меѓу ЕУ и Русија  и натаму се шири, и одговорот на руската агресија врз Украина од страна на ЕУ беше едноставно јасен, тие одговорија со санкции и солидарност со украинскиот народ со тоа демонстрирајќи ги цврсто принципите на демократија.

Од друга страна Русија конфликтот го нарекува специјална операција и конфликтот и натаму продолжува и не само што влегува во воена сфера, ги зафаќа безбедносните структури,  туку интензивно се проширува во специјална енергетско-економска војна меѓу западните земји и Русија.ЕУ воведе санкции а одговорот на Русија е затворање на вентилот за гас и предизвикување на состојба на енергетска нестабилност во западна Европа.ЕУ е голем пазар со над 300 милиони жители и тиеинтензивно се подготвуваа за овој одговор на Русија во изминативе месеци. Мислам  дека оваа зима ќе немаат големи проблеми во однос на тоа што тие 30-40% од потребните количини гас што доаѓаат од Русија сега ќе ги надополнат со изворите на гас од дел од источните земји, од Норвешка и  Канада и интензивно работат на градење пристаништа, резервоари за складирање течен гас..а таков пример се  Грција, Бугарија.

Не очекувам оваа зима да има големи проблеми околу тоа прашање.Сигурно дека инфлацијата ќе се зголеми, сигурно дека ќе се зголеми и економската нестабилност,но долгорочно мислам дека Русија ќе биде губитникот од овој економско-енергетски конфликт.

Рокот до кој Европа ќе успее да се ослободи од зависноста од рускиот гас постојано се пролонгира, па сега се споменува 2027 година. Колку  од овие проценки се економски, а колку политички?

-Се прават и политички и економски анализи.Во моментов некои земји од ЕУ имаат зависност од 30 % гас од Русија но има и такви што се  50% како Бугарија и Австрија. Со развивање на заедничка стратегија тие се надеваат дека до 2027 г. ќе станат  апсолутно независни и тоа е втората димензија, тоа е столбот на безбедноста.Со ширењето  на НАТО и влегувањето  на сите земји во таа безбедносна структура и со противењето на Русија,одеднаш настанува конфликт кој се преточува во енергетски конфликт. Тие за да можат и понатаму да ја одржуваат таа сигурност и да ги зачуваат вредностите на западната демократија, како што се говори во Германија, прават напори да бидат независни од рускиот гас.Тоа не значи дека во иднина нема да тргуваат со рускиот гас но тоа ќе биде на  поинакви основи без да бидат уценувани.

Но што велат анализите, колку е реален ваквиот оптимизам дека можат без руски гас?

-Анализите на дел од западноевропските медиуми велат дека според проценките, 2027 г. е реален период за да се изградат  потребните пристаништа за течен гас, за да се преминекон нови технологии и да почнат со шкрилци, да се екстрахира земен гас, се работи на нови технологии за нови извори, менџмент во напојувањето и трошењето електрична енергија. Тоа е реален период.Данска веќе пет години работи на проект до 2050 г. да биде 100 % на обновлива енергија а до 2030 г. да е 80% , односно да нема фосилни извори.Проблемот не е само зависноста од рускиот гас. Се активираат  сите научно истражувачки, техничко- технолошки извори со кои Германија и западна Европа ќе успеат  да ги надополнат тие потребни количини енергија од други извори.Можеме да заклучиме дека нестабилноста предизвикана од воениот конфликт се рефлектира со зголемена инфлација, зголемено штедење, ќе има големи нервози но на долг паксето тоа ќе отвори нови перспективи и ќе ја зајакне нивната независност и демократските вредности.

Велите дека е можна нервоза кај граѓаните.Дали полека почнува да се тенчи трпението на европскиот граѓанин, особено ако имаме предвид дека последните анализи покажуваат дека  во четири нејзини членки ( Грција, Словачка, Чешка и Словачка сметките за струја се поскапи од просечната плата? Неодамна имаше големи протести во Чешка на кои граѓаните порачаа дека не се согласуваат со политиката на нивната влада, па оттука дали се можни вакви изливи на незадоволство и во други држави?

-Не, нема да дојде до изливи на незадоволство бидејќи се работи во насока на намалување на инфлацијата и убедување на граѓаните дека штедењето сега е неопходно во овие кризни ситуации.Во Германија граѓаните многу ќе се мобилизираат и со оглед на нивната дисциплина и погледот кон обновливите извори, во таа смисла не се очекувадемонстрации.Ќе има и социјални алатки за смирување.На пример пред три емсеци имаше можност да  се патуваниз цела држава за 9 евра сега тоа е стопирано, ќе следуваат нови мерки.Економијата е толку силна споредено со Русија што овие закани на долг рок и овој дипломатско, економски и безбедносен конфликт на долги стази ќе го оштети стандардот на Русија а не на Европа.Сега губат сите страни а особено украинскиот народ.

Треба да се работи на наоѓање мирно решение и компромис.Сега ситуацијата не е зрела.

Во рамки на посетата на премиерот Ковачевски на Софија, договорено е дека од Бугарија во текот на зимата ќе купуваме поефтина струја за стопанството и тоа до 31 март. Ветена е струја под подобри услови од берзанските цени. Ваш коментар за овој договор , и дали ова беше единствената опција која и остана на Македонија ?

-20-30 години наназад Бугарија не само кон Македонија туку и кон Србија, Грција, Турција претствува доверлив извоз на енергенси.ПремиеротКовачевски настапи разумно, а Бугарија покажа дека е спремна да ја поддржи Македонија.Тоа е политичка одлука, не знам по кои цени ќе се набавува електричната енергија и што ќе значи тоа за економијата на нашата земја но има убава политичка димензија.Србија купи многу јаглен од Бугарија со оглед дека ќе имаме криза и недостиг на енергесни но мислам дека ќе ја пребродиме успешно.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стејт департмент: САД немаат никаква улога во…

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател…

Зеленски: Украина контролира 74 населени места на…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави…

Русија тврди дека ја вратила контролата врз…

Русија тврди дека ја вратила контролата врз…

„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…

Русија ја обучила својата морнарица да насочува…

Путин го назначи својот поранешен телохранител за…

Рускиот претседател Владимир Путин назначил еден од…