Рачињата во медот: 24.000 ЕВРА од Комуналец Охрид за донатор на ВМРО-ДПМНЕ
Едно парче мене, едно парче тебе, третото го снема, партијата го зема?
На креативноста за испумпување на пари од општините ѝ нема крај, а овојпат Општина Охрид ги надмина претходно поставените „граници“.
Јавното претпријатие „Охридски комуналец – Охрид“ набавило препарат на база на алги во вредност од 1.408.920 денари, или речиси 24.000 евра! Препаратот е набавен од Друштвото за производство, трговија и услуги ГАШО ПЛАСТ увоз-извоз Охрид ДООЕЛ, договорот е склучен на 11 декември 2023 година, а е потпишан од страна на директорот на јавното претпријатие Сашо Најдески и одговорното лице во Гашо Пласт, Дарко Гашиќ.
Инаку, интересно е што на веб-страната на јавни набавки нема многу набавки слични на оваа, односно никој освен Охридски комуналец не набавил ваков препарат за ваква цена. Исто така компанијата нема други достапни јавни набавки освен оваа која тежи речиси 24.000 евра.
Сомнително е што истото претпријатие во 2021 година набавило ваков препарат за 229.746 денари, што е за шест пати поевтино во споредба со последната набавка.
Исто така, компанијата од која тогаш е набавен истиот препарат за шест пати пониска цена учествувала и на овој тендер, заедно со Гашо Пласт, па се поставува прашањето како и сега не била постигната пониска цена, како што била и во 2021 година?
И да го занемариме делот со астрономската цена на препарат на база на алги, каков што не набавила ниедна друга општина еден факт се уште е спорен.
Одговорното лице во компанијата Гашо Пласт е донатор на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и тоа со прилично голема сума, за што има и потврда во партиските документи кои се јавно достапни.
Како што можете да видите од документите погоре, Гашиќ донирал во ВМРО-ДПМНЕ 105.500 денари, што е околу 10% од вредноста на претходно споменатиот тендер.
Оттука легитимно се поставува прашањето најпрво како ваквиот препарат чини 24.000 евра. Дополнително, дали на овој начин со општински пари се финансира и партијата ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид дека нивниот донатор добил тендер од општинско претпријатие со кое раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во општина чиј што градоначалник Пецаков исто така е од истата партија.
Ќе се произнесе ли Државната комисија за спречување на корупција за овој случај и дали Обвиниелството покрај останатите скандали во Општина Охрид ќе го провери и овој?
Фрчат тендери, се трошат народни пари за алги и на крај едно парче мене, едно парче тебе, третото го снема, партијата го зема…?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид
Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид…
Сообраќајна несреќа во Охрид: Неофицијално повредена е…
Пред околу час и половина во стариот…
Пожар опасно се приближува до „Јасен“!
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ…
Активисти на Левица ги освежија спомен – плочите на…
Освежени спомен - плочите на паднатите борци од НОБ…
Левица: Уапсени моќници со дрога блиски до…
УАПСЕНИ МОЌНИЦИ СО ДРОГА, БЛИСКИ ДО МАКСИМ…