Рашковски денес на суд за перење пари и ред други дела

t

Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ.

Првообвинетиот, се вели во обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

„Во една од постапките за јавна набавка, со умисла во сторувањето на кривичното дело му помогнал и четвротообвинетиот, сопственик и управител на економски оператор. Првообвинетиот, јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка, комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 17.474.137,00 денари“, се вели во обвинителниот акт на ОЈО – ГОКК.

Воедно, првообвинетиот, како службено лице, го искористил службеното овластување – да склучува авторски договори со физички лица, иако знаел дека шесто и седмообвинетите воопшто не ги извршувале своите работни задачи согласно склучените договори, сепак им исплаќал месечни хонорари.

Второобвинетиот и шесто и седмообвинетите, според ОЈО, согласно договорот што го имале со првообвинетиот за поделба на паричните средства подигнувале дел од исплатените средства во готовина со цел да му ги предадат на првообвинетиот. Со овие дејствија е нанесена штета на Буџетот на Р.С. Македонија во вкупен износ од 1.320.000,00 денари.

„Во временскиот период од 5 јуни 2017 година до 5 мај 2021 година, во Скопје, првообвинетиот, пуштил во оптек пари во вкупен износ од 5.378.319,00 денари, за кои знаел дека потекнуваат од кривично дело, па со намера да го прикрие потеклото на паричните средства во повеќе наврати, откако ќе ги добиел парите од кривичното дело, ги пуштал во промет вршејќи готовинска уплата на сопствените сметки и банкарски картички и на сметките на членовите на своето семејство, а исто така предвремено ги исплатил претходно земените кредити“, информираат од ОЈО.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски вчера во допис до медиумите напиша дека е горд на својот изум, системот за сообраќајни прекршоци.

„Софтверот на Рашковски не е софтвер на Рашковски, тоа е цел систем на нашите граѓани кој требаше да спасува животи и сѐ уште може да спасува животи, кои за жал ги губиме по патиштата. Ваков систем, гордо кажувам, нема во повеќе од пет земји во светот, за што истите имаат потрошено неколку десетици милиони евра, а ние како држава ‘дури’ 70.000 евра. Со системот за сообраќајни прекршоци ќе се намали бројот на жртвите за една половина, бројот на повредените за две третини и материјалната штета за повеќе од половина“, напиша Драги Рашковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Внатрешните несогласувања во ЕУ се пречка за…

Компромисот во блокот е попречен од подемот…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…