Рашко-призренска епархија: Во манастирот Бањска во моментов е мирно
Рашко-призренската епархија соопшти дека состојбата во манастирот Бањска во моментов е мирна, иако поради денешните случувања сè уште се чувствува страв и во околината и во самата манастирска капија.
Епархијата во соопштение информира дека „вооружените лица кои денеска ја пробија капијата го напуштија манастирот, а во моментов е забележано присуство на косовската полиција и ЕУЛЕКС пред влезната капија и во дворот на манастирот.
Во конакот на манастирот сè уште е игуменот и други свештеници, како и група верници од Нови Сад, меѓу кои има и две малолетни деца. Од управата на манастирот известуваат дека засега сите се добро, дека во капелата на манастирот се одржуваат редовни богослужби, со надеж дека оваа драма ќе заврши што поскоро, се вели во соопштението на Рашко-призренската епархија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…