Објавено на:

Реакција на меѓународниот фактор за експлозијата кај Зубин Поток

t

Меѓународниот фактор реагираше на нападот во Зубин Поток. Премиерот на Република Албанија Еди Рама, оцени дека актот на саботажа на критичната водоводна инфраструктура во каналот Ибар Лепенец е сериозно кривично дело, кое ги нарушува животите на граѓаните на Косово и го погодува процесот на нормализација на односите во нашиот регион, каде сите држави се вклучени на патот на интеграција во Европската Унија.

Advertisements

„Го осудувам нападот на водниот канал во Зубин Поток, кој остава значителни делови од Косово без водоснабдување“, рече шефот на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Аиво Орав, во изјавата.

Со него се согласи и пратеникот на ЕУ во Белград за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак.
„Одговорните за саботирање на критичната инфраструктура на Косово мора да одговараат“, напиша Лајчак во својот пост за Х.

КФОР – мировната мисија на НАТО во Косово – го осуди нападот на каналот Ибар-Лепенец и рече дека е важно да се утврдат фактите и да се изведат одговорните пред лицето на правдата.

Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, остро го осуди нападот врз „критичната инфраструктура во Косово“ по штетата на водниот канал на север, и рече дека САД ќе обезбедат каква било поддршка за владата на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…