Реакција од фон дер Лајен за средбата Путин – Трамп
ретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека денес разговарала со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Разговаравме за настаните од изминатите неколку дена и следните чекори кон мировен договор, членството на Украина во Европската Унија и обновата на земјата“, рече таа.
„Ставот на Европа е јасен – ние целосно ја поддржуваме Украина и ќе продолжиме да играме активна улога во обезбедувањето праведен и траен мир“, додаде фон дер Лајен.
Таа не учествуваше во вчерашниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски и лидерите на неколку клучни европски земји, вклучувајќи ги лидерите на Германија, Полска и Италија.
Денес беше потврдено и дека во следните денови ќе се одржи средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Кремљ вели дека подготовките се во тек, а Путин рече дека Обединетите Арапски Емирати би можеле да бидат едно од можните места за самитот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реакција од фон дер Лајен за средбата…
ретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Премиерот на Камбоџа го номинира Трамп за…
Премиерот на Камбоџа потврди дека го номинирал…
Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел…
24 години од трагедијата кај Карпалак: „Спомените…
Осми август е ден кога недобронамерниците посегнаа…
Избегната трагедија во Виница: Пред кафана со…
МВР извести дека во ОВР Виница, од…